Овој документ ги сочинува правила за обезбедување на услуги преку електронски средства согласно Законот за обезбедување услуги преку електронски средства од 18-ти јули 2002 година.

  1. ДЕФИНИЦИИ.
  1. Лозинка – низа од алфанумерички знаци и/или специјални знаци избрани од Примателот на услугата за време на Процесот на регистрација, неопходни за целите на дозволување на пристап на Примателот на услугата при најавување на профилот на веб-страницата.
  2. Профил – место на веб-страницата достапно за одреден Примател на услуги после регистрацијата, кое му овозможува да ги користи услугите наведени во овој документ.
  3. Најава – е-поштата на Примателот на услугата која е неопходна за да добие пристап до профилот, наведена од страна на Примателот на услугата при неговата регистрација.
  4. Правила – овие правила на веб-страницата https://shardacropchem.mk, кои ги дефинираат условите за електронско обезбедување на услуги на веб-страницата од страна на Давателот на услуги и условите за користење на таквите услуги од страна на Примателите на услугите.
  5. Регистрација – доброволна активност на Примателот на услугата, вклучително и креирање на профил на веб-страницата. Регистрацијата на веб-страницата е бесплатна.
  6. Веб-страница – веб-страниците на доменот https://shardacropchem.mk/.
  7. Услуга – извршување на услуга без истовремено физичко присуство на лицата (далечинска услуга) преку пренос на податоци по индивидуално барање од Примателот на услугата, пренесени и примени со помош на уреди наменети за електронска обработка, вклучувајќи дигитална компресија и складирање на податоци, кои целосно се емитуваат, примаат или пренесуваат преку телекомуникациска мрежасогласно Законот од 16-ти јули 2004 година: Закон за телекомуникации и подлежат на условите дефинирани во овие Правила.
  8. Примател на услуга – физичко лице, правно лице или организациска единица кое не е правен субјект, кои користат услуга која е обезбедена електронски, во рамките на веб-страницата.
  9. Давател на услуги – Sharda Cropchem Limited со седиште на адреса: Prime Business Park Dashrathlal Joshi Road Vile Parle (West) Mumbai – 400056, Индија.
  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ НА ПРАВИЛАТА.
  1. Овие Правила ги дефинираат условите за обезбедување услуги од страна на Давателот на услуги кон Примателот на услуги.
  2. Правилата им се ставаат на располагање на Примателите на услуги бесплатно преку веб-страницата, во формат кој овозможува нивно преземање, зачувување и печатење.
  3. Веб-страницата е достапна за секој Примател на услугата кој има Интернет-  конеција.
  4. Користењето на услугите за поседување на и пристапување до профилот од страна на Примателот на услугата е можно само после неговата регистрација. Користењето на услугите за чување и пристап до профилот и испраќање комерцијални информации преку електронски средства е можно само ако имате е-пошта. Во случај на горенаведените Услуги, со штиклирање на соодветното квадратче, Примателот на услугата изјавува дека ги прочитал Правилата, целосно ги прифаќа одредбите содржани во истите, како и дека ќе ги почитува Правилата. Погоре наведените активности се доброволни, но сепак, тие се неопходни за целите на користење на погорните услуги.
  5. За целосно и правилно користење на веб-страницата и Услугите, Примателот на услуги треба да има опрема со пристап до Интернет и технологија за  „колачиња“ на прелиситувачот. Обемот на користење датотеки со колачиња е дефиниран во Политиката за колачиња на Давателот на услуги.
  6. Користењето на веб-страницата може да зависи од инсталацијата на типот на Java- или Java Script софтвер.
  1. ВИДОВИ И ОБЕМ НА УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКИ СРЕДСТВА.

Веб-страницата ги нуди следниве услуги:

а) пристап до јавно достапната содржина на веб-страницата (можност Примателот на услуги да прегледува и чита материјали како што се текстови, фотографии, графики, податоци, база на знаење и слично, објавени на веб-страницата, како и да презема датотеки ставени на располагање од страна на Давателот на услуги),
б) одржување и пристап до Профилот,
в) испраќање на комерцијални информации преку електронски средства.

  1. УСЛОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ.
  1. Договор за обезбедување услуги се склучува:
    а) во врска со Услугата за пристап до јавно достапна содржина на веб- страницата – со влегување на веб-страницата,
    б) во врска со Услугата за одржување и пристап до профилот – со Регистрација,
    в) во врска со Услугата за испраќање комерцијални информации – со пополнување на соодветен образец, изразување на согласност за добивање комерцијални информации преку електронски средства и кликнување на копче за прифаќање (на пример,. „Поднеси“, „Нарачка“).
  2. За да ги користи Услугите, од Примателот на услуги може да биде побарано да ги даде своите лични податоци. Принципите за обработка на личните податоци на Примателот на услугата од страна на Давателот на услуги се наведени во Политиката за приватност.
  3. Од Примателот на услуги се бара да обезбеди само реални податоци и податоците кои ги има на располагање и нивното последователно доставување или употреба на веб-страницата во вообичаениот тек на активности не смее да ги нарушува правата на трети лица.
  4. За обезбедувањето на услугата за пристап до јавно достапната содржина на веб-страницата не е потребна регистрација. Таквата услуга се обезбедува во текот на целиот период на пристап на Примателот на услуги до општо достапната содржина на веб-страницата.
  5. За обезбедување на преостанатите услуги потребна е регистрација.
  6. Регистрацијата ја врши Примателот на услуги со пополнување на образец за регистрација достапен на веб-страницата: https://shardacropchem.mk, со штиклирање на потребните полиња и кликнување на копчето за прифаќање (на пр. „Испрати“, „Креирај профил“). По извршувањето на горенаведените активности, Примателот на услугата ќе добие е-пошта испратена до адресата која ја навел Примателот на услугата, а која е –пошта која содржи потврда за успешна регистрација и линк за активирање, со цел да се потврди дека е-адресата е точна.
  7. Само Примателот на услуги чии лични податоци биле дадени во образецот за регистрација во тек на регистрацијата е овластен да ја користи услугата. Примателот на услуги не смее да користи профили на други приматели на услуги, ниту, пак, му е дозволено да го стави на располагање сопствениот профил на  други приматели на услуги или трети лица.
  8. Примателот на услуги ќе ги чува во тајност корисничкото име и лозинката.
  9. За најавување на профилот, секогаш треба да се внесе корисничкото име и лозинката.
  10. Како корисничко име за најава, мора да се обезбеди активна е-пошта која Примателот на услугата е овластен да ја користи.
  11. Лозинката мора да содржи најмалку шест алфанумерички и/или специјални знаци.
  12. Примателот на услугата може да ја смени Лозинката преку својот профил или преку функционалноста „Заборавена лозинка“, достапна на страницата на која е најавен.
  13. Услугата се обезбедува на неограничен временски период. Примателот на услугата може во секое време да побара да се избрише неговиот профил. Барањето за бришење на профилот може да биде испратено по е-пошта е-адресата на Давателот на услуги. Бришењето на профилот има иста важност како раскинување на договорот за обезбедување услуги преку електронски средства.
  14. Давателот на услуги го задржува правото времено да ја прекине, отстрани или ограничи функционалноста на профилот (обем на извршена услуга), особено:
    а) во случаите пропишани со општо применливите одредби на законите,
    б) доколку Примателот на услугата го користи профилот спротивно од овие Правила.
  15. Давателот на услуги треба да го извести Примателот на услуги за неговата намера времено да ги прекине, отстрани или ограничи функционалностите на профилот со испраќање на е-пошта до Примателот на услуги на адресата доставена за време на регистрација на профилот или на друга адреса за која истиот известил при ажурирање на своите податоци.
  16. Доколку временото прекинување или ограничувањето на функционалностите на профилот произлегуваат од користењето на профилот спротивно  од одредбите на овие правила, целосната функционалност на профилот може да се врати на барање на Примателот на услуги само после прекинување на таквите активности со кои се извршила повреда на одредбите и отстранување на последиците од истото, на начин како што ќе побара  Давателот на услуги.
  17. За целите на испраќање на комерцијални информации преку електронски средства, Примателот на услугата пополнува соодветен образец, доброволно ја изразува својата согласност за испраќање комерцијални информации преку електронски средства и кликнува на копчето за прифаќање (на пример, „Поднеси“ , “Нарачај”)
  18. Примателот на услуги може, во било кое време, да се откаже од примањето комерцијални информации преку електронски средства. За таа цел, Примателот на услуги треба да му испрати е-пошта на Давателот на услуги, што е еднакво на раскинување на договорот за обезбедување на услуги преку електронски средства.
  1. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРИМАТЕЛОТ НА УСЛУГИ И ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИ.
  1. Давателот на услуги ќе води сметка веб-страницата континуирано да функционира.
  2. Давателот на услуги го задржува правото да го прекине функционирањето на веб-страницата со цел да ги ажурира податоците, да ги исправи грешките и да изврши други работи за одржување, како и поради други причини надвор од контролата на Давателот на услуги.
  3. Примателот на услуги нема да ги користи Услугите во спротивност со одредбите на законот, добрите практики или овие правила, ниту пак ќе обезбедува некакви содржини од незаконска природа.
  4. Давателот на услуги потврдува дека сите информации и материјали достапни на веб-страницата (вклучително, меу другото и графикони, статии, фотографии) се заштитени, особено согласно Законот за авторски и сродни права од 4-ти февруари 1994 година. Строго е забрането копирање, дистрибуција и други форми на употреба на материјалите и информациите содржани на веб-страницата, без претходна писмена согласност од Давателот на услуги или на начин надвор од употребите дозволени со закон.
  5. Доколку, за целите на обезбедување на услугите, Давателот на услуги бара Примателот на услуги да ја обезбеди својата адреса за е-пошта, Примателот на услуги мора да ја обезбеди својата вистинска е-пошта, односно онаа е-пошта на која ја прима својата кореспонденција. Примателите на услуги веднаш ќе го известат Давателот на услуги за промена на својата е-адреса испраќајќи порака на е-адресата на Давателот на услуги. Во случај да не го извести Давателот на услуги за промената на адресата, ќе се смета дека сите информации испратени од Давателот на услуги до Примателот на услугата на е-поштата доставена од Примателот на услугата во Образецот за регистрација се регуларно доставени, без да се нарушат одредбите на законот кои се однесуваат на потрошувачите.
  6. Давателот на услуги не одговара за:
    а) Штети кои може да произлезат од употребата на веб-страницата од страна на Примателите на услуги на начин кој не е во согласност со законот или со овие правила, особено нема да сноси одговорност за откривање на лозинката или корисничкото име за профилот и откривање на лични податоци од страна на Примателот на услуги,
    б) Штети предизвикани како резултат на престанок на обезбедување на Услугите или отстранување на профилот на Примателот на услуги, под услов истите да се предизвикани од причини кои му се припишуваат на Примателот на услуги или поради повреда на одредбите на законот или овие правила.
    в) Штети предизвикани од страна на Примателот на услуги со користење на податоци или информации содржани на веб-страницата за економски, инвестициски, деловни и други цели.
  7. Целокупната одговорност за штетите на Давателот на услуги кон Примателот на услуги заради обезбедување на услугите, без оглед на правната основа за одговорноста, ќе биде ограничена само на штетата која всушност ја претрпел Примателот на услугата.
  8. Давателот на услуги потврдува дека секоја содржина ставена на веб-страницата е само од информативна природа. Давателот на услуги ги вложил сите свои напори за да утврди дека подготвени содржини се точни и ажурирани, но сепак, не сноси никаква одговорност за можност за примена на содржаните податоци или за последиците од нивната примена.
  1. ПРОЦЕДУРА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРИГОВОРИ.
  1. Сите приговори во врска со Услугите можат да се поднесат од страна на Примателот на услуги преку е-пошта до Давателот на услуги: eu.sales@shardaintl.com.
  2. Приговорот треба да го содржи следново: полн назив на Примателот на услугата, адреса за е-пошта, како и детален опис и причината за жалбата.
  3. Примателот на услуги може да поднесе приговор во рок од 14 дена од датумот на настанот кој е предмет на приговорот.
  4. Приговорите ги обработува Давателот на услуги во рок од 14 дена од денот на приемот на истите.
  5. Одлуката на Давателот на услуги ќе му биде пренесена на Примателот на услуги преку е-пошта, испратена на е-адресата дадена во моментот на поднесување ма приговорот.
  1. УСЛОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ.
  1. Примателите на услуги кои се потрошувачи, односно физички лица кои вршат правно дејствие кое не е директно поврзано со нивната деловна или професионална дејност, имаат право да се повлечат од кој било договор за обезбедување услуги, склучен со Давателот на услуги, во рок од 14 дена од датумот на склучување на истиот. Изјавата за повлекување од договорот треба да се даде во писмена форма. За да се запази временскиот рок, доволно е да се испрати таква изјава како препорачано писмо на адресата на Давателот на услуги пред истекот на наведениот рок. Изјавата за повлекување од договорот може да се достави и во електронска форма и да се испрати до Давателот на услуги на следната е-адреса: eu.sales@shardaintl.com.
  2. Подолу наведениот примерок може да се користи за целите на поднесување на изјава за повлекување од договорот за обезбедување на услуги:
    …………………, датум……………
    ……………………………………..
    Име и презиме на потрошувачот
    ………………………………………
    Адреса

    Изјава за повлекување од договорот
    Јас, долупотпишаниот, информирам дека со ова известување, сакам да се повлечам од договорот склучен на …….
    ……………………………………..
    Овластен потпис на потрошувачот
  3. Давателот на услуги може да му го одземе правото на Примателот на услуги да ја користи веб-страницата или може да го ограничи неговиот пристап до ресурсите на веб-страницата или услугите кои се нудат, било делумно или во целост, и таквото одземање ќе стапи на сила веднаш доколку Примателот на услуги извршил повреда на овие Правила или важечките одредби од законот.
  1. ФИНАЛНИ ОДРЕДБИ.
  1. Давателот на услуги има право еднострано да ги измени овие Правила заради технички, правни или организациски причини, вклучително, особено во следниве ситуации:
    а) ситуација во која е потребно изменување и дополнување на Правилата со оглед на промената на важечките одредби на законот,
    б) во случај кога начинот на обезбедување Услуги се променил,
    в) со цел да се спроведе обврска според важечките одредби на законот или обврска која произлегува од извршна судска наредба или административна одлука.
  2. Примателите на услуги ќе бидат информирани за содржината на променетите Правила во известување објавено на веб-страницата, кое ќе ги содржи изменети правила, со нагласување на промените и датумот на нивно важење.
  3. Oдредбите на македонското и меѓународното право ќе бидат применливи за сите прашања што не се регулираат во овој дел
  1. ТАКТ ИНФОРМАЦИИ НА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИ.

Sharda Cropchem Limited со седиште на адреса: Prime Business Park Dashrathlal Joshi Road Vile Parle (West) Mumbai – 400056, Индија.